
До понеделник горивата ќе се продаваат поевтино. Пад за 1,5 денар за еден литар има кај бензините, додека дизелот поевтини 0,5 денари/литар.
Прочитајте го исходот од вчерашната одлука на РКЕ која стапи на сила по полноќ.
Тоа значи дека возачите кои возат автомобили на бензин Еуросупер БС - 95 ќе плаќаат 70,50 ден/литар додека Еуросуперот ќе се точи за 72,00 (денари/литар).
Дизелашите ќе полнат резервоари за 61,50 (денари/литар).