Во Црна Гора се уште трае натпреварот во лежење, a неколку натпреварувачи се натпреваруваат повеќе од 71 час.
Претходниот рекорд, што веќе е соборен, беше 49 часа, а од 20 август, кога започнаа да лежат, досега во игра останаа тројца натпреварувачи кои очигледно, како што се вели во коментарите, планираат да се борат за наградата до есен.
Погледнете кои се условите во натпреварот и колку изнесува наградата.
Натпреварот го организира црногорското етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ, а организаторите, доделуваат 300 евра за победникот.