Денеска завршува јавен конкурс на Државниот завод за статистика за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите кој неколку пати беше продолжуван поради недоволен број пријавени кандидати. Колкумина сега се пријавиле и дали ќе има доволно реонски попишувачи ќе се знае деновиве.
Прочитајте колку изнесува ПЛАТАТА на еден попишувач
Имено, пописот треба да се спроведува од 5 септември до 30 септември 2021 година.
Пописот, како што е најавено, ќе се спроведува според здравствените протоколи издадени од Комисијата за заразни болести, а кои предвидуваат целосна заштита и на граѓаните и на попишувачите. Заради дополнителна здравствена заштита секој жители ќе има право да се попише надвор, во двор ако живее во куќа, или пред зграда или на тераса доколку живее во стан. Ако граѓанинот се одлучи попишувачите да ги прими во домот тогаш е можно само еден од нив да влезе за да се избегне гужва. Протоколите за заштита предвидуваат носење заштитна опрема, држење растојание и забрануваат послужување храна и пијалак, во смисла кафе, чај или нешто друго од страна на домаќините.
Податоците за секој жител ќе се внесуваат електронски.
Извор: faktor.mk