Луѓето имаат огромна потреба од долги оброци во ресторани со пријатели, патување со авион што не предизвикува стрес, вообичаен образовен процес, како и отворени и посетени продавници и јавни простори. Но едно нешто за што повеќето од нас не се возбудуваат е враќањето назад во канцеларија. Доаѓа како големо изненадување за сите, но домашната канцеларија е многу популарна.
Во една анкета 80% од вработените се изјасниле дека сакаат да работат од дома барем три дена неделно од сега па во иднина, што е пораст за 27% од периодот пред пандемијата. Речиси две третини од вработените кажале дека работењето од дома е подобро од што првично очекувале; додека само 13% кажале дека е полошо. За оние кои и пред пандемијата работеа од дома, сознанието дека нашите колеги конечно се сложуваат со бенефитите од работењето од домашната канцеларија, е добредојдено олеснување.
Пред повеќе од 10 години, ја напуштив мојата работа во канцеларија и некогаш не се свртив назад. Оттогаш, работам како фриленсер (хонорарен работник), основач на стартап компании и дигитален номад, и ја растев сопствената кариера справувајќи се со секогаш присутната стигма дека работам од дома, споделува Хауард.
Моите колеги имаа модерни конференциски сали, јас имав трпезариска маса. Иако ја имав слободата да живеам каде било, и основав милионска компанија со 11 вработени на далечина, кампусите во Силиконската Долина, опремени со бесплатни оброци и терапевтски масажи, и проминентни скептици во поглед на работењето од дома, секогаш фрлале сомнеж врз моите кариерни избори.
Потоа светот целосно се затвори, и работењето од дома се смени засекогаш.
Прочитајте Како додека работите од дома да бидете попродуктивни
Пандемијата наметна глобален експеримент за работењето од дома, и домашната канцеларија излезе победник. Пандемијата исто така ја оттргна стигмата за домашната канцеларија и им помогна на голем број вработени да го променат фокусот кон аспектите од животот што се навистина важни.
Во минатото, моите колеги кои работеа од дома и јас вложувавме големи напори да го прекриеме фактот дека нашите канцеларии во исто време се наши домови. Куче што лае и не може да се стиши, ѕвонче од влезната врата што се слуша или дете во позадина не` доведуваа во ситуации да се извинуваме и да чувствуваме доза срам поради колегите кои работеа во канцеларија.
„Извини, само што подготвив ручек за моите деца, ќе присуствувам на повикот од спалната соба“.
„Ја сум крив, само што ни стигна достава и кучето лае ко лудо“.
Одговорот е: „Без гајле. Се справувам со „вистинскиот живот“ и работата со години. Вашите деца, миленици и автентични карактери се добредојдени“.
Премногу долго сме под стрес поради потребата да ги криеме неуредните делови од животот од нашите колеги. Пандемијата ја тргна завесата и откри дека, без разлика како се претставуваме себеси во канцеларија, сите сме луѓе и сите сме прилично слични.
„Вистинските“ делови од животот не треба да бидат скриени; напротив, треба да го прифатиме фактот дека сите работиме за да обезбедиме за нашите сакани и да создадеме идеален дом. Нема ништо лошо ако им дозволите на вашите колеги да видат некои детали од вашиот живот што не се поврзани со работата, дури и да доаѓаат во форма на кратки прекини.
Заедничкото работење во реалниот живот се` уште има корист, но не може повеќе да се гледа како основен предуслов за тимска работа или деловен успех. Напротив, намалувањето на патувањето до и од канцеларија како да ја зголеми продуктивноста и среќата, а ние кои сакаме да слушаме аудио емисии во воз, сега имаме слободно време тоа да го правиме додека одиме на прошетка. Понеформална работна средина со помалку пат до работното место (односно, потребата да се купува одреден стил деловна гардероба) директно ги намалува трошоците за облека и индиректно ги смалува суптилните предрасуди и канцелариските политики што понекогаш произлегуваат од физичкиот изглед на вработените.
Работата на далечина е исто така одлична за секој кој искрено сака да живее во голем град, бидејќи може да ја намали конкуренцијата во технолошките и финансиски центри. Кога ќе престанеме да ги тераме работници да се селат во големите градови, ќе има поголеми шанси секој кој живее во градот да добие поправедни услови.
Пандемијата не` примора одново да размислуваме за речиси се`. Компанијата од иднината можеби повеќе нема да ја смета канцеларијата во центарот на градот како услов за успех. Напротив, фирмите ќе сфатат дека најпродуктивните и вредни членови на тимовите сакаат да се фокусираат на животот надвор од работата; на создавањето дом за нивните сакани на локација што самите ја избираат, наместо да се врзани за скапите деловни згради од минатото.