За македонските државјани кои нема да имаат негативен ПЦР тест при влез во земјата се размислува да се воведе карантин.
-Ова се уште не е конечна одлука и се планира да се дискутира- изјави Филипче на денешната прес конференција при повторното отварање на вакциналниот пункт во “Борис Трајковски.
Тоа би значело дека останува одлуката со почеток од 1 Септември сите граѓани да имаат негативен ПЦР тест при влез и излез од земјата но ќе се разгледа можноста и за друга опција
Во однос на почетокот на школската година Филипче им порача на родителите да се вакцинираат за да децата им бидат безбедни..
Иако граѓаните развија дискусија на децата да им се прават тестови два пати неделно кои би биле бесплатни како што е случајот во Германија но сепак за таква опција сега за сега не станува збор