Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во однос на претходната недела.
Според новата одлука, од вечерва по полноќ цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар за литар и ќе изнесува 71 денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе бидат поскапи за 1 денар и ќе се продваат за 73 односно 62,5 денари по литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 и пол денар по литар и ќе изнесува 62,5 денари.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,338 отсто, дизелот за 3,952 отсто, екстра лесното масло за 4,602 % и кај мазутот зголемувањето е за 3,891 отсто, посочуваат од Регулаторната комисија.