На денешната прес-конференција на портпаролите на владата, беше потврдено дека сѐ е подготвено за отпочнување на пописните активности на терен на 5 септември. Како што информираат во сите 50 пописни реони се завршени обуките на реонските инструктори, како и на реонските попишувачи.
Во деновите до недела кога во 8 часот наутро попишувачите ќе излезат на терен ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови за кои се задолжени попишувачите. До недела секој попишувач, заедно со реонскиот инструктор ќе треба да направи план на движење низ пописниот круг со цел да бидат опфатени сите објекти и домаќинства.
Од владата се сигурни дека граѓаните со доверба ќе ги примат попишувачите и ќе им ги дадат потребните податоци коишто ќе овозможат подобра иднина за сите нас, како и за земјата во целост.
Извор: mms.mk