Романија и Холандија ја ставија Македонија на листата земји каде што постои многу висок ризик од зараза со коронавирус.
Романиja ja ажурираше „црвена листа“ на земји или области со висок епидемиолошки ризик од ковид-19 и таа стапува во сила на 5 септември, соопшти романската агенција Агерпрес.
Романскиот национален центар за надзор и контрола на заразни болести (ЦНСУ) на црвената листа ја вклучи и земјава, според највисоката кумулативна стапка на инциденција на „Ковид-19“. Покрај земјава, на „црвената листа“ се и Србија, Црна Гора, како и Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.
Исто така целосно вакцинирани македонски државјани и натаму ќе можат да влезат во Холандија, но сепак прво ќе мора да одат во задолжителен десетдневен карантин.
Од 6 септември, правилата за влез во Холандија дополнително ќе се заострат, па покрај вакцина и карантин, од патниците ќе се бара и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно негативен антиген тест не постар од 24 часа. Властите потенцираат дека потврда за вакцинирање или за прележан ковид-19 веќе нема да биде доволна сама по себе. Покрај Македонија, како земји од многу висок ризик се означени и Косово, Израел, САД и Црна Гора.