Кинескиот Врховен суд јавно го осуди она што во Кина е најчесто познато како „996“, практика да се работи од 9 часот наутро до 9 навечер, шест дена во неделата, што е вообичаено меѓу големите технолошки компании во земјата, стартапите и другите приватни компании.
Неодамна, екстремната прекувремена работа во некои индустрии доби многу внимание, пишува Врховниот народен суд во соопштението издадено од Министерството за човечки ресурси и социјална заштита, пишува Си -Ен -Ен.
Работниците заслужуваат право на одмор, се вели во соопштението и се додава дека „почитувањето на националниот систем на работно време е законска обврска за работодавачите“, пренесува порталот „Бонитет“.
Тие наведуваат неколку примери на компании од различни индустрии за кои се вели дека ги прекршуваат правилата за работа, вклучително и неименувана курирска компанија за која велат дека на вработените им било наредено да работат според системот „996“.