Пописот и официјално започна а на пресот на Државниот завод за стaтистика беа одговорени неколку логични прашања:
- Што ако домаќинството не е дома?
-Доколку луѓето кои треба да бидат попишани не се дома, попишувачот ќе им остави пусулче со тајминг кога пак ќе дојде како и телефонски број да го побараат за да се договорат.Сигурно нема некој да седи 26 дена дома и да чека попишувачи- велат од Заводот
2.Што ако некој е во изолација или е болен од Ковид?
-Од МВР ни доставуваат листи за лицата во изолација па пракса ке биде да почекаме тие лица да излезат од истата па потоа да ги посетиме. Но доколку тоа не се случи имаме посебни протоколи како да ги попишеме заболените лица
3.Што ако не сакам да примам невакциниран попишувач
- Доколку не сакате да примите невакциниран, тогаш ќе направиме замена со вакциниран попишувач
4.Што ако не сакам да се попишам?
-Оние граѓани што нема да сакаат да даваат податоци ќе добијат прекршочна пријава, но откако ќе се исцрпат сите можности за убедување тие да се попишат.Нема кривична пријава за тие што не сакаат да даваат податоци, туку е прекршочна. Нашата намера е да нема вакви случаи. Ние ќе се обидеме на сите можни начини да ги убедиме граѓани да учествуваат и да не одбиваат. Ако мора, таа постапка ќе ја покренеме и пријавата се однесува на сите членови на семејството што одбиваат. Ако некој не ја отвори вратата, ќе му дојдеме по 1.000 пати на вратата – порача првиот човек на Државниот завод за статистика.
На пресот беше упатен апел до граѓаните да внимаваат кого пуштаат дома:
Нашите попишувачи ќе бидат брендирани, секој попишувач ќе носи маичка со натпис и легитимација на која го пишува неговото име и презиме и кои домаќинството ќе може да ги провери со неговата лична карта, истакна директорот на ДЗС, Апостол Симовски на првиот ден од Пописот.
– Граѓаните да не пуштаат човек кој ја нема оваа легитимација затоа што тоа може да биде провокатор кој треба да направи нешто поинаку. Ова го правиме намерно затоа што свесни сме каква антикампања имаме и може овој процес да се злоупотреби. Не сакаме да помислиме дека Пописот ќе пропадне. Било кој што се обидува на било кој начин да овој процес пропадне не им мисли на своите граѓани на својата држава. Внимаваме на сите протоколи поврзани со ковид-19 и бараме од сите да бидат одговорни. Најголемиот дел од попишувачите се вакцинирани и немаме никакво законско право да ги условуваме другите попишувачи. Ако некој граѓанин инсистира, ќе му обезбедиме вакциниран попишувач, но ако сите ги почитуваме мерките, нема шанси да влијаеме врз ширењето на пандемијата – рече Симовски.