Чест ни е што ќе бидеме дел од најголемиот регионален собир на HR експерти во регионот!
Помалку од еден месец не дели од почетокот (22 и 23 септември) на HR Days конференцијата во Ровињ, најголемиот регионален собир на експерти во областа на човечките ресурси, организиран од хрватскииот број еден портал за огласи за вработување - МојPosао.
Главната тема на годинашната конференција е Лидерство (Leadership), а од богатата програма ги издвојуваме главните говорници Skip Bowman, Adrian Furnham, Clint Pulver, Lisa Belanger, Virgina Colurcio, Žana Gojić Petričević
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА
Трендови на пазарот на трудот во регионот
- Игор Жоња, извршен директор на MojPosао - Хрватска
- Дарко Велков, директор на Vrabotuvanje.com.mk - Македонија
- Соња Четковиќ, директор на Infostud Grupа - Србија
- Мерсиха Мима Мехиќ, главен оперативен директор - Kolektiv - MojPosao.ba - Босна и Херцеговина
- Томаж Беркопец, директор на Alma Career d.o.o. - Словенија
Иднината на работата – Работата на далечина никогаш не била поблиска - Драган Јелиќ, државен секретар во Министерството за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика,
- Јан де Јонг, ко-основач на Webpower Adria / CROP / Digital Nomad Association Croatia
- Мирела Котарац, директор за човечки ресурси во CEMEX,
- Тими Ковачевиќ, извршен директор и проект менаџер dc&t
НАЈДОБРИ HR ПРАКТИКИ ВО 2021 година
- Презентација на проектот, гласање на публикатa и објавување на победниците
ИНТЕРАКТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ
- Развој во оценување и селекција на вработените, Адријан Фурнам
- Како да се биде 4D лидер? Лидерство низ димензиите на SOUL рамката, Жана Гојиќ Петричевиќ
- MOL група; Како да се спроведе е-учење за вработените во првата линија и да се постигне дури 90% ангажман?, Ивана Јандриќ и Митја Кулчар
MASTERCLASS
WELLBEING & MINDFULNESS АКТИВНОСТИ
- Mindfulness@Work, Катарина Павлиша
- Благосостојба (Mindfulness) на вработените - дали вреди да се инвестира и во што?, Ивана Штулиќ
- Резервирајте место на најголемата регионална HR конференција, уживајте во одличната атмосфера, богата програма и дружење со колегите.
- За оние кои не се во можност да ни се придружат во Ровињ, можат да ја следат конференцијата ОНЛАЈН.