Управата на Водоводот во јапонскиот град Кобе одржа прес конференција на која се извини поради тоа што нивен вработен отишол порано на пауза.
Поради три минути порано заминување на пауза на 64 годишен вработен , управата на Водоводот одржа прес конференција на која најпонизно им се извини на своите корисници. Вработениот доби јавен укор , како и парична казна , поради тоа што за последните седум месеци 26 пати порано одел на пауза за ручек. Неговиот ,,грев” го открил колега кој го пријавил за заминување на пауза три минути пред време и заминува во блискиот ресторан.
Паричната казна не била толку драстична , колку јавното извинување на прес конференција , кога сите шефови заедно најпонизно им се извиниле на граѓаните на Кобе. На социјалните мрежи ваквата постапка беше осудена со поддршка за вработениот .
Инаку , јапонската влада е под силен притисок на јавноста и мораше минатиот месец со закон да забрани прекувремена работа во траење од 100 часа месечно по самоубиството на 24 годишен вработен во конмпанија за огласување , кој се самоубил не можејќи да го поднесе притисокот.
kanal5.com.mk