Согласно Законот за празници среда, 8 септември (вторник), Ден на независноста е неработен ден за сите граѓани на земјава.
Сепак, за одреден дел од вработените во приватниот сектор, особено во малите фирми денешниот ден ќе биде ист како и останатите бидејќи од нив ќе биде побарано да бидат на своите работни места.
Впрочем, истото се случува и за време и на останатите државни празници кои се прогласени за неработни денови според закон.
Во случај работодавачот да наложи денес да бидете на работа или за време на друг државен празник, должен е тоа да го пријави во Трудовата инспекција и да ви исплати празнична дневница.
Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.
Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.
Секое прекршување на регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот poplaki@dit.gov.mk.