Внимавајте доколку имате затемнети стакла на вашиот автомобил!
Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии, при што санкционирани се 31 возач.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат во текот на наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.