Србија е најнепристапната земја во Европа за купување стан, покажа десеттиот извештај на компанијата Делоит – „Индекс на пазарот на станбени недвижности во Европа“.
Според извештајот, на еден жител во Србија да купи стан од 70 квадратни метри, потребни му се просечно 15,2 годишни бруто плати и по овој критериум, во минатогодишниот иззвештај Србија беше на второто место.
По четири години поминати на прво место, Чешка падна на второто место според непристапноста за купување стан меѓу земјите учеснички со просек од 12,2 бруто годишна плата за набавка на стандарден стан (70 квадратни метри). Во споредба со минатата година, ова е зголемување за речиси две просечни годишни плати, се наведува во извештајот.
Слично како и минатата година, потенцијалните купувачи во Словачка и Австрија би потрошиле околу десет просечни годишни бруто приходи за купвање стан од 70 квадратни метри. Граѓаните во Израел, Летонија, Словенија, Унгарија и Хрватска мораа да потрошат помеѓу 8-10 просечни годишни плати за да си дозволат сопствен стан.
Ако локалните купувачи бараат нов стан во Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Холандија, Италија и Германија, тие ќе треба да заштедат околу 6-8 просечни годишни бруто приходи.
Од друга страна, најпритапни земји за купување стан за „локалните жители“ се Норвешка, Бугарија, Португалија и Белгија. Во овие земји, стан од 70 квадратни метри може да се купи за 4-5 просечни годишни бруто плати.
Инаку, просечната цена на нов стан во Србија е 1.414 евра / м2, според десеттиот извештај на „Делоит“ – „Индекс на европскиот станбен пазар на недвижности“.
Според овој извештај, Австрија за прв пат стана земја со највисоки цени на нови станбени недвижности, со просек од 4.457 евра / м2, и пред Франција, Германија, Велика Британија и Израел, каде што просечните цени се исто така и над 4.000 евра / м². Од друга страна, новите станови се најевтини во Бугарија со цена од 578 евра / м2.
Најголемо зголемување на цените на новите станови имаше во Унгарија, каде што цените во просек пораснаа за 12,3 проценти, а растот на цените за повеќе од 10 проценти беше постигнат во Германија и Холандија.
„Истражувањето и анализата се првенствено насочени кон развој на нови цени на становите во 2020 година во споредба со 2019 година, на ниво на земја и споредување на главните градови. Истражувањето откри дека цените се зголемени во сите земји низ Европа, а Рим е единствениот исклучок каде што цените паднаа. Друг аспект на истражувањето ја разгледува достапноста на нови станови од 70 м2 во главните градови, земајќи го предвид просечниот годишен бруто приход по земја “, вели Томаж Личен од словенечкиот дел на Делоит за Biznis.rs.