Со искуство над 25 години, во областа на fashion retail, со застапенот во над 40 земји во Европа, Африка и Азија, над 1700 продавници и 25.000 вработени, LPP, интернационалната групација доаѓа и кај нас во Македонија, во Skopje East Gate со сите свои 5 бренда
LPP раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.
“Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”
Среќни сме што на пазарот носиме 5 нови бренда на македонскио пазар, а со тоа и нови продавници со различен формат и концепт. Cекој бренд е препознатлив сам по себе, па и самиот дизајн и уредувањето на продавниците е иснпирано од главните мотиви. Нашата идеја е кога ќе влезете во секоја продавница, едноставно до го вдишите и препознаете “концептот” и пораката на самиот бренд.
Она што е многу важно за LPP е негувањето на организациската култура. Со години се работи на компаниските принципи – одговорност, отвореност, почитување кон останатите – а исто така тука е и креативноста и неформално работно опкружување. Во комбинација со квалитетите на вработените и можностите за личен и професионален развој, и заедничка пасија за мода, LPP гради силна и хармонична организација.
Како се грижиме за вработените:
- Веруваме дека нашите вработени се нашата најголема сила,
- Заради тоа се трудиме тие да работат сигурно и удобно.
Kако благодарност за нивната посветеност им ги нудиме на нашите вработени следните бенефити:
5 факти за LPP:
- 1991 е годината кога двајца матуранти од Сеучилиштето за технологија во Гдањск Marek Piechocki и Jerzy Lubianiec ја основале LPP.
- LPP означува: Lubianiec, Piechocki и партнерите. Компанијата е основана во Гдањск, а главната канцеларија е таму и до ден денеска.
- 5 БРЕНДОВИ Создадени се за помалку од 30 години. Тоа се: Reserved, Cropp, House, Mohito i Sinsay. Секој бренд има своја единствена автентичност.
- 25 држави - Тоа се места каде ЛПП има свои продавници во Еропа, Азија и Африка. Секоја година компанијата ги воведува своите брендови на нови, непознати пазари.
- 1700 продавници - Ова е бројот на ЛПП продавници кои вршат продажба во самата продавница и преку интернет,така да сите имаат лесен до понудите на компанијата.
Стани дел од тимот на LPP во East Gate Mall - Аплицирај за некоја од позициите:
Sales Assistant (Продажен асистент)
линк за повеќе детали и аплицирање
Visual Merchandisers (Декоратери) за House и Reserved
линк за повеќе детали и аплицирање