78 137 денари била бруто платата во април во воздухопловен транспорт.
64 879 денари земале луѓето кои работат во секторот информации и комуникации.
Платите за оние кои работат во канцелариско-административни и помошни дејности и деловнопомошни дејности биле 41 760 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 105.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32.1 %), Преработувачка индустрија (13.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.3 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.3 %), Административни и помошни услужни дејности (4.1.%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2018 изнесува 35 117 денари.
фактор.мк