Законската регулатива во Македонија предвидува дека на родителите не им е потребна писмена согласност доколку малолетното дете патува со еден од родителите, но граничните служби имаат право да ја побараат ако нешто им е сомнително.
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
1. Ако лицето до 14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување.
2. Ако лицето до 14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател,потребно е да има одобрение за неговото патување кое се издава врз основа на писмената согласност од родителите односно старателот,дадена во надлежните сектори-одделенија за Внатрешни работи,со приложување на увид-извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари.
skopjeinfo.mk