Луѓето кои редовно конзумираат алкохол заработуваат повеќе во однос на тие кои не пијат. Заклучокот го донеле американски социолози кои спровеле истражување на оваа тематика.
Имено, луѓето кои пијат алкохол имаат 10-14% поголема плата од тие кои не пијат.
Попрецизно, мажите кои пијат заработуваат 10% повеќе од своите колеги, а жените кои пијат заработуваат 14% повеќе од своите колешки. Според објаснувањето на социолозите љубителите на алкохол се повеќе друштвени и имаат подобри деловни контакти, па тоа се одразува и на нивните приходи.
Дали се согласувате ?