Експертите на „Focus2Move“ ја составија најновата ранг-листа за најпродаваните автомобили во Европа. Во оваа класификација влегуваат најпопуларните автомобили од периодот јануари-мај оваа година.
Лидер во рангирањето е „Volkswagen Golf“. За време на периодот за кој станува збор Европејците купиле 242.740 единици, што е зголемување за 8% во споредба со јануари-мај 2017-та година. Второто место го зазеде „VW Polo“ со 161.157 продадени возила, но овој модел е намален за 3%. Првите три се надополнети со „Renault Clio“, од кои 160.920 примероци биле регистрирани на европскиот пазар, или 0,3% помалку од истиот период од минатата година.
Четвртата позиција во рангирањето е за „Ford Fiesta“, модел од кој Европејците купиле 135.923 единици во периодот јануари-мај, или 4% помалку од минатата година. Петто место е за кросоверот на „Nissan Qashqai“, со продадени 132.087 возила, или зголемување од 1%.
Топ 10 се надополнува со: „Skoda Octavia“ (125.468 примероци, +9,6%), „Volkswagen Tiguan“ (125.298, +2,7%), Ford Focus (116.997, +3,7%), „Peugeot 208“ (112.998, +2,9%) и „Citroen C3“ (101.008, -3,7%).
Експертите наведуваат дека рангирањето во споредба со јануари-мај 2017-та година е доста променето и единствените модели кои ги задржуваат своите места се „Volkswagen Golf“ и „Nissan Qashqai“.
denar.mk