Нови десет згради ќе никнат на местото на поранешен Скопски саем.
East Gate Living денеска објави нов модерен концепт на домување, и велат дека тоа се конечно добри вести за сите кои се во потрага по промена во начинот на живеење во главниот град на земјава.
„На само пет минути од ценатрот на Скопје и на помалку од три минути од парк шумата Гази Баба, East Gate Living е новиот визиопнерски проект во изградба, позициониран веднаш до Ист гејт молот, кој треба да биде пуштен во употреба во втората половина на октомври. Сместен во единствениот повеќенаменски проект од овој размер, распространет на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари, овој станбен комплекс е одговор на потребата од нова визија во живеењето и потребата од квалитетен активен живот“, рече Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист гејт.
Бројот на планирани станбени единици е 672, а тоа е повеќе од 50 отсто од вкупниот број завршени стамнови во изминатава 2020 година. Токму оваа градежна динамика е тесно поврзана со трендот на побарувачка на станови, која од година во година рапидно се зголемува.
Изборот на станови од 42 до 210 метри квадратни ветува разноликост и динамика, велат инвеститорите.
„Нашите блокови се на ртастојание од 50 метри. Знаеме дека градското зеленило е неопходно. Зеленикло проектиравме насекаде, а до нас е и парк шумата Гази Баба“, потенцира Давков.
Инаку, во првата фаза ќе бидат готови четири згради, и тие ќе бидат завршени до 2023 година.
Првите четири згради ќе имаат висина од П плус 14 ката. Оние од втората фаза ќе бидат П плус 12, а од третата фаза четирите згради исто така ќе бидат во висина П плус 14 ката.
Сите десет згради ќе треба да бидат готови до 2027 година. Во сите згради вкупно ќе има 1.600 станови. Овие згради ги градат четири различни изнвеститори, со кои компанијата има партнерски однос.
Оној што ќе сака да купи стан ќе треба да купи и макар еден паркинг простор, кој ќе чини 7.000 евра.
Изборот на станови ќе биде од помали станови од 42 метри квадратни, па се до дуплекс станови, од 210 метри квадратни.
Она што сигурно многу ги интересира граѓаните кои сакаат да купат станови во овој комплекс, е какво ќе биде греењеето. Во овие станови греењето ќе биде на градско парно. Но, како што објаснуваат инвеститорите, становите ќе бидат опремени со смартфон решенија, преку кои всушност ќе може да се управува со сите уреди во станот.
На овој простор се предвидени да се изградат и пет деловни згради, покрај десетте станбени згради.
Станарите ќе плаќаат и за одржување на становите, но, како што велат инвеститорите, не станува збор за висока цена, односно оние со помалите станови од 42 метри квадратни, ќе треба да платат сума од околу 15 евра месечно.