Традиционално и оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој започнува денес и ќе трае до 24 јуни. На овој тридневен настан сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневно купување до полноќ, со попуст до -70% во повеќе од 120 локали.
Покрај шопингот со голем попуст, посетителите ќе можат да се опуштат со тридневната програма која нуди забава за сите вкусови и генерации. Многу музика, мода, танцување со професионалци, освежување со бесплатни коктели, како и несекојдневно модно шоу “Костими за капење 2018“, каде ќе може да се видат сите најнови модели на костими за капење кои се неизбежни за овој период од годината.
За веселата и разиграна атмосфера низ ходниците ќе се погрижат Dj Goce SAF, Dj Cvare, Dj Strike и други. За време на овој хепенинг ќе има и еден интересен спортски предизвик: Сити Мол заедно со Training room Skopje ќе го бараат најсилниот меѓу силните и ќе го наградат со ексклузивна вредна награда. Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња по намалени цени.
„Колку пати досега на шопинг, не ви било доволно времето за сѐ да разгледате и да пробате, а уште повеќе кога има огромни попусти на вашите омилени брендови? Токму затоа, „Late night shopping“ е викендот кога со забава, музика и весело летно расположение вие ќе можете да купувате сѐ до полноќ! Со „ноќниот шопинг“ го одбележуваме почетокот на летото, а секоја година создаваме сѐ побогата програма, големи попусти и забава за сите посетители. Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во летниот период, настан кадешто шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана.“ – велат организаторите.
Целосната листа на попусти и информации можете да ги погледнете на http://skopjecitymall.mk/lns/.
извор: факултети.мк
Вечерен шопинг во Скопје Сити Мол! Погледнете ја целосната листа на попусти
News
-
За „Генерацијата З“ празничното украсување е помалку традиција, а повеќе самоизразување
Новогодишните елки во некои домови во САД оваа година покажуваат повеќе „неконвенционалност“ во изборот на украси за елки, посочуваат испитувањата. Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение.
-
Драстичен пад на бројот на земјоделци во Македонија - потребни се години за поврат на производството
Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65.000, значително помал од пред десет години кога изнесувал 90.000. Лозарството е во опаѓање, а сточарството сега брои 140.000 грла крупен добиток, наспроти 260.000 од пред една деценија.
-
СЕ БЛИЖИ НОВА ГОДИНА: Maкедонките сакаат да се средат на фризер, но една работа се смени со годините
Фризерските салони во земјава имаат работа во пресрет на Нова година. Македонските жени сакаат да се средуваат и да изгледаат убаво. Сепак, еуфоријата која ја имаше во минатото, денес е намалена. Многу луѓе Новата година ја доживуваат како обичен ден и премин од една во друга календарска година.
-
Истражување: Се заканува ли сценариото од 1815-та, и годината без лето?
Планината Тамбора го промени светот кога еруптираше индонезискиот вулкан во 1815 година. Тоа беше најмоќната ерупција во историјата. Следеше „година без лето“ – глобалните температури паднаа, посевите пропаднаа, луѓето гладуваа, пандемијата на колера се прошири и десетици илјади загинаа, пишува Си-Ен-Ен.
-
Откриена е брзината со која работи човечкиот мозок
И покрај неверојатната сложеност на човечкиот мозок, новото истражување сугерира дека неговата брзина на обработка заостанува далеку зад неговите сензорни способности.
-
Подарок во 5 до 12 – идеи за брзи, евтини и оригинални изненадувања
Кога празниците тропаат на врата, а времето за купување подароци е при крај, паниката знае да го стегне секој што не стигнал да подготви изненадувања за своите најблиски.