Средношколци од Скопје и Куманово претставници на глобалните „Microsoft Office Specialist" и „Adobe Certified Associate" натпревари
Во рамки на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13-22 години Македонија Certiadria годинава по шести пат го организираше финалето на националниот MOS (Microsoft Office Specialist) и финалето на четвртиот ACA (Adobe Certified Associate) каде нашата земја ги доби своите претставници за глобалните Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Associate натпревари, кои ќе се одржат кон средината на месец Ноември 2021 година каде што активно учество земаат повеќе од 120 земји во светот.
Лука Стојановиќ кој доаѓа од средното училиште Наце Буѓони од Куманово, Леонтина Пауновска, која доаѓа од средното училиште Георѓи Димитров од Скопје и Бодан Костов кој доаѓа од средното училиште Орце Николов исто така од Скопје, се овогодишните победници.
Поради моменталните мерки за заштита од Корона вирусот квалификациските натпревари се одржуваа online, додека овогодинешното финале се одржа во Семос Едукација каде учествуваа најдобрите 15 финалисти.
Извор: skopskoeho.mk