Брзи антиген тестови ќе се прават на учениците од основните и средните училишта почнувајќи од октомври.
Трансмисијата на вирусот во училиштата е многу мала, но децата сепак многу често се асимптоматски преносители сметаат здравствените власти, па поради тоа одлучиле да започнат со скрининг на учениците.
„Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скринингот на тестирање на учениците во основните и средните училишта. Овој пристап бара одредена припрема во однос на согласност на родителите. Разговараме со центрите за јавно здравје низ земјава, со епидемиолозите и со здравствените домови.“ - изјави Венко Филипче министер за здравство.
Според последните информации на МОН на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 од вкупно 240.000 ученици. Отаму велат дека е вакциниран над 72% од наставниот кадар во училиштата.