На сопствениците на ресторани, кафулиња и пабови во Британија ќе им биде забрането да го задржат бакшишот што гостите го оставиле на персоналот.
Владата во Лондон планира да им забрани на угостителите да им ги одбиваат бакшишите на вработените, кои честопати се потпираат на нив за да ги надополнат своите приходи, пренесува Би -Би -Си.
Британскиот министер за труд, Пол Скали рече дека таквите планови „ќе обезбедат бакшишот да оди кај оние што работеле за него“.
Ако работодавачот ги прекрши новите правила, може да оди на суд. Во тој случај, сопствениците може да бидат принудени да ги надоместат вработените или може да се соочат со парични казни.
Новиот закон ќе биде од корист за околу два милиони луѓе кои работат во угостителството во Британија, а се очекува да стапи на сила следната година.