Ако сакате подобро да управувате со своите примања и да заштедите на крајот од месецот, проучете ги овие корисни совети.
Сите би сакале да ни останат многу повеќе пари на крајот на месецот и ни паѓа тешко што често не можеме да заштедиме многу, ниту за ‘црните денови’, ниту за планирање на нешто што ќе нè израдува. Сепак, постои одредена стратегија којашто можеме да ја примениме за подобро да управуваме со својата заработка.
Луѓето кои знаат како со пари не се склони да трошат лесно, ниту пак се нужно богати лица. Нивната тајна лежи во добрите заштеди и навиките за планирање за иднината, без оглед колкав е приходот. Во продолжение прочитајте какви се нивните стратегии.
Не се вртете по секој излог или реклама
Иако е често тешко да се одолее на искушението, бидете разумни за работите што навистина ви требаат, односно не ви се неопходни. Одразот на материјалниот успех не е во марката на автомобил и скапа облека што ја поседува личноста, туку колку пари ‘лежат’ на сметка. Некој што вози BMW може да има голем број на долгови за коишто ќе мора да се погрижи за некое време.
Не е злато сè што сјае
Луѓето кои знаат со пари не го ценат брендот, туку квалитетот и вистинската вредност на стоката. Дури и кога се препуштате на повеќе шопинг, земете ја во предвид трајноста на она што го плаќате. Запрашајте се дали производот ќе ви служи со години и дали се исплати.
Искуството е повредно од материјалното
Овој тренд е особено во пораст меѓу миленијалците. Според неодамнешното истражување, дури четвртина од испитаниците откриле дека на крајот на здодевната работна недела, најмногу се забавувале со некаква форма на забава, како на пример одење во кино, на концерт или излегување во град.
Иднината внимателно се планира
Оние кои знаат како со парите планираат добро однапред, без оглед дали се за заштеда или инвестирање. Оние кои лошо управуваат со пари не гледаат подалеку од сегашноста.