
Намалувањето на облачноста во текот на вечерта и претстојната ноќ ќе услови дополнителен пад на температурите на воздухот кои ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат пониски дури и за околу 10 степени од нормалните, вели метеорологот Славчо Попоски.
До утрешното неделно утро температурите на воздухот ќе се спуштат во интервалот од 5 до 14 степпени во најтоплите региони.
На планините, а особено на високите планини (над 2000 метри) температурите ќе се спуштат дури до околу па и под нулата каде е можна појава и на мраз.
Постабилно време ќе имаме во текот на утрешниот неделен ден додека отсега гледано нови врнежи може да очекуваме од понеделник.
извор: press24.mk