Вредноста на доларот во однос на кошницата валути опадна на финансиските берзи.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, е околу 93,25 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот изнесуваше 93,30 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 110,75 на 110,65 јени.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа, продолжувајќи ја нагорната линија што влезе веќе во четвртата недела, главно како резултат на прекините во производството во Мексиканскиот Залив по ураганите Ида и Николас.
По порастот од над 3 проценти минатата недела, цената на барелот на лондонската берза скокна утрово за 1,5 проценти, на 79,05 долари, новото највисоко ниво од октомври 2018 година.
На американската берза, барелот поскапе за 1,45 отсто, на 74,95 долари.