Од утре, па до средината на следната недела, циклонот Силвија се интензивира, па така ќе се создадат услови за нови обилни врнежи од дожд кој локално и повремено ќе бидат поинтензивни, вели метеорологот Славчо Попоски.
Не се исклучува можноста и за повремено ретки грмежи. За време на овој влажен бран во склоп со циклонот локално ќе наврнат над 30 – 40 л.м2 воден талог.
И понатаму ќе остане релативно свежото време со потпросечни температури на воздухот, па затоа топлата облека и натаму да биде покрај вас.
vesnik.com