Една од 100-те најпрофитабилни македонски компании ЕРИ Корпорација е купена од британската Volution Group plc за непозната сума на пари, а новиот сопственик го превзема битолскиот произведувач на опрема за климатизација од браќата Пецо, Борче и Зоран Талевски, како и од Митко Кокиноски.
ЕРИ Корпорација е четврта најуспешна компанија од Битола според остварениот профит во минатата година. Компанијата која своите производи ги пласира ширум пазарите во Европа лани оствари приходи од 10,7 милиони евра, што е за седум отсто повеќе од една година претходно. Профитот изнесува 2,2 милиони евра, а профитната маржа во однос на приходите е 20,6 отсто што ја прави една од најуспешните во земјата во овој сегмент. Во 2019-та профитот беше уште поголем и изнесуваше 2,5 милиони евра.
Volution Group plc е производител на опрема за вентилација за комерцијални и станбени клиенти. Со седиште во Кроули, Западен Сасекс, компанијата е котирана на Лондонската берза и е составен дел на индексот FTSE 250.
EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија во која има и странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.
Минатата година се најде единствено зад Битолска Млекара, Цермат и Марковски компани според остварената добивка во Битола за годината 2020.