Oд денес започнува грејната сезона 2021/2022 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје.
Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги на Република Северна Македонија – РКЕ.
Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите .
При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.
Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15-ти октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите, соопштија од РКЕ.
Извор: lokalno.mk