Microsoft произведе компјутерски глушец наречен Ocean Plastic Mouse, кој, како што сугерира неговото име, е направен од пластика од океанот.
Куќиштето, или школката на глушецот, всушност е делумно (20 проценти) направено од рециклиран пластичен отпад собран од океанот и другите води. Преку процесот на обработка се создава пластична смола, која се меша со други материјали, и од оваа мешавина на крајот се формира глушецот. Во производството на хардверот, 20 проценти од материјалот е рециклирана пластика.
Покрај тоа, пакувањето во кое доаѓа глувчето е направено од дрво и шеќерна трска, а исто така може целосно да се рециклира и не содржи пластика. Исто така, има опција бесплатно да им испратите стар компјутерски глушец на Microsoft за рециклирање.
Ocean Plastic Mouse содржи три копчиња, поддржува Bluetooth 4.0 и има опсег до 10 метри. Microsoft тврди дека глушецот ќе работи со една АА батерија до 12 месеци.
Продажбата започнува на 5 октомври, а Ocean Plastic Mouse ќе чини 25 долари.