Со еден клик до работно место во земјите од регионов!
Токму тоа е возможно на единствениот Регионален саем за вработување кој ќе се одржи од 13-ти до 20-ти октомври на оваа локација www.regionalensaemzavrabotuvanje.com! Саемот е активен 8 дена од 0 до 24 часот и е достапен преку сите (десктоп/мобилни) уреди. За да „влезете“ на саемот ви треба само Интернет конекција.
На саемот, ќе имате можност да ги посетувате виртуелните штандови на компаниите во Македонија и регионот, да аплицирате на огласи за работа кои ќе бидат активни само за време на саемот и да стапите во директна „еден на еден“ комуникација со претставници од компаниите преку chat.
Покрај тоа, интерактивната платформа ќе ви овозможи да „ѕирнете“ во компаниите, односно во нивната бенефициска програма, искуствата на вработените, фотографии и видеа и други важни информации за процесот на вработување.
За учество на саемот не е потребна претходна регистрација и посетата за корисници е целосно бесплатна.
Сè што треба да направите е од 13-ти до 20-ти октомври да ја посетите веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com, да изберете просторија каде што изложува вашиот работодавач и да се втурнете во потрага по вашата работа од соништата. Да, толку е лесно и едноставно!
Доколку барате работа во Земјава овие компании токму на САЕМОТ нудат ексклузивни огласи за вас!
Kiel, BtoBet, Телеком, Adient Automotive, NLB Banka, Кроација Осигурување, Магна, Strabag, Алкалоид АД Скопје, Marquardt, Apave, Breon, Neptun, Ultrasoft, Lactalis MK, Data Masters, ESI, Ветон Ќоку, aдвокат во соработка со Карановиќ и Партнерс, LTH Learnica На нивните штандови ќе имате можност да ја видите нивната понуда на слободни работни места, да се информирате за компаниите како и да разговарате со претставници од нивните компании преку опцијата чат.
Подгответе ги вашите CV-a и зграпчете ја можноста за нова, подобра работа!