Што значи ПОПУСТОТ?
Попустот е активност која се презема од страна на продавачот преку намалување на првично дефинирана цена на производот или услугата, најчесто изразена како процент. Купувачот пак ваквата активност ја перцепира како купување на омилениот производ или услуга по пониска цена што создава чувство на паметно купување и остварување на заштеда без рестрикции во сопствениот буџет.
Доколку се земе претходното во предвид може да се констатира дека ПОПУСТОТ е win- win ситуација за сите и дека имаме взаемно задоволство на двете страни.
За жал реалноста не ги потврдува само овие позитивни ефекти, односно спротивното, реалноста покажува дека со ваквата активност може да се наруши довербата во брендот, менување на перцепцијата за првичните цени, намалување на кумулативната годишна маржа, менување на купувачкото однесување.
Затоа при користење на оваа активност мора да се има соодветна стратегија, односно добро планирање на времето кога да ја спроведете активноста и на кои производи, да истражите како ќе влијае на вашата група на купувачи, колку да изнесува попустот како и да го проектирате очекуваниот финансиски ефект на бизнисот.
Во овој контекст би сакале напоменеме некои интересни негативни примери кои често се употребуваат на нашиот пазар, и тоа:
– зголемување на цените неколку недели пред попустот – затоа често се случува цената на попустот да биде слична со онаа која сте ја виделе претходно.
– користењето на фразата “до” одреден попуст– оваа фраза најчесто се користи заради непрекршување на законот како и за намалување на критиките од потрошувачите поради тоа што кога ќе влезете може да видите дека со таков или сличен попуст има само неколку артикли додека се останато е со попуст кој би го добиле речиси било кога, доколку го побарате.
– СÉ Е НА одреден попуст – ова значи дека во тој продажен објект се треба да биде согласно наведеното, но во практиката откога ќе влезете ви кажуваат дека тоа е само на една колекција или еден дел од производите и сл.
Како резиме на статијата би препорачале поголема свесност од страна на продавачите, земајќи во предвид дека купувачите се многу поинформирани од предходно, а додека на купувачите би им препорачале не избрзувајте и убаво читајте се зошто секој “попуст” не е попуст.
Извор: bankarstvo.mk