Фејсбук најави дека во наредните години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на „мета-вселена“, јави ДПА.
Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Фејсбук Марк Закерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како што се виртуелната реалност и зголемената реалност“, рече Ник Клег, потпретседател на Фејсбук за меѓународни операции.
Клег, поранешен британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија“, нагласувајќи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“.