Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто.
„Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 отсто, кај дизелот за 2,842 отсто, кај екстра лесното масло за 2,853 отсто и кај мазутот за 0,554 проценти.
Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,164 отсто.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 43,010 ден/кг.
Од 19.10.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,010 (денари/килограм)