Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР) ја најавува својата 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена како: "HRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology" (Човечките ресурси се издгнуваат како феникс: Преплетување на човештвото и технологијата).
Конференцијата ќе се одржи на 21 и 22 октомври 2021 година во онлајн формат, како и минатата година, со споделување на успешни приказни на преку 20 докажани бизнис лидери, професори и практичари од добро-познати компании и организации од земјата, поширокиот регион и цела Европа.Генерален спонзор на настанот е VRABOTUVANJE.COM
На конференцијата професионалците ќе ги одговорат најчестите прашања кои се протегаат изминатава година:Дали организациите и вработените имаат моќ да направат револуција во начинот на кој работиме? Какви промени може да очекуваме и каква е иднината на работењето во услови на рапиден технолошки раст и постојани промени? Како да ги направиме организациите поефикасни и поуспешни во нивната работа преку призмата на вработените?
Меѓу говорниците се Евен Болстад од Норвешка - Претседател на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе, Ерик ван Вулпен - основач на Академијата за иновации на човечки ресурси АIHR од Холандија, Енди Брит - Постар партнер и лидер за трансформација на таленти на IBM глобалните деловни услуги од Велика Британија, д-р Пол Флин - предавач на Националниот универзитет во Галвеј, Р. Ирска, Марија Попова Мајсторова - Сениор HR менаџер (ЕМЕА) во ADIENT и Менаџер за човечки ресурси на годината од Македонија, Методија Папазовски - ко-основач и потпретседател на EMBS групацијата и член на Бордот на директори на Македонија2025, д-р Андријана Богдановска – директор на Knowledge Management Center од Македонија, проф. Александрос Псикогиос – Професор на Бирмингем Сити Универзитетот и истражувач на Центарот за истражување на Југоисточна Европа од Грција, Орацио Стангерлин – Основач и ЦЕО на Аркадиа Консалтинг од Италија, Ирена Ѓоршев - Менаџер за организациски консалтинг во Вработувaње HR Solutions, Дени Фридман – консултант за развој на лидерство во Aleksander Hughes (Франција).
Дополнително, во рамките на конференцијата ќе биде организиран Панел со повеќе од десет експерти од Јужна и Југоисточна Европа, на кој e планирано да се разговара за точките кои се од интерес за повеќето земји во овој регион и особено за тоа како менаџерите на компаниите и професионалците за човечки ресурси можат да се справат со предизвиците предизвикани од брзите промени на работното место во пост-пандемиската ера, но и оние што доаѓаат од претходните слабости на пазарите на трудот во овој дел од Европа. Како основа за дискусијата ќе послужи извештајот “Creating People Advantage 2021”, за приоритетите на организациите во следниот период и каде се наоѓаат земјите од овој регион во споредба со остатокот од Европа и светот. Извештајот ќе биде презентиран од страна на г-дин Боб Мортон, претседател на Светската федерација на асоцијации за менаџмент со луѓе и г-ѓа Наташа Бишчан, претставничка на Boston Consulting Group како изготвувачи.
Воедно, во рамките на конференцијата ќе се организира и онлајн HR Expo 2021, како и содржини и работилници за личен развој на учесниците.
Повеќе информации околу програмата, говорниците и регистрацијата за учество може да се најдат на ВЕБ страната на конференцијата: https://mhraconference.mk/mk/home-slider-3/