„PayPal Holdings“ понуди да ја купи апликацијата „Pinterest“ за 45 милијарди долари, велат информирани извори. Комбинацијата може да биде предвесник за повеќе спојувања помеѓу финтех компаниите и социјалните мрежи во областа на е-трговијата.
Преговорите за договорот доаѓаат во време кога онлајн купувачите сѐ повеќе купуваат стоки што ги виделе на социјалните мрежи, честопати следат инфлуенсери на платформи како што се „Instagram“ и „TikTok“.
„PayPal“ понуди 70 долари по акција, главно во акции, на „Pinterest“, рече еден извор. Давателот на плаќање преку интернет се надева дека успешно ќе преговара и ќе го објави договорот до моментот кога ќе ги претстави своите квартални резултати на 8-ми ноември, додаде изворот.
Изворите предупредуваат дека договорот е неизвесен и дека условите може да се променат. Тие сакаа да останат анонимни бидејќи работата е доверлива.
Понудата на „PayPal“ е 26% бонус за цената на акцијата на „Pinterest“ на крајот од тргувањето во средата од 55,58 долари. Акциите на „PayPal“ паднаа за повеќе од 4% по објавувањето на веста, а цената на акцијата на „Pinterest“ порасна за повеќе од 14% до 63,51 американски долари.
Гигантот за онлајн плаќање беше меѓу големите победници во пандемијата на коронавирусот, бидејќи повеќе луѓе ги користеа неговите услуги за да купуваат преку интернет и да ги платат сметките за да избегнат излегување од домот. Акциите на компанијата пораснаа за околу 36% во последните 12 месеци, што и овозможи пазарна капитализација од скоро 320 милијарди долари.
„Pinterest“ исто така објави огромен пораст на корисници кои бараат идеи за реновирање на домот кога блокадите ги оставија луѓето дома. По ублажувањето на блокадите, „Pinterest“ предупредува на забавување на растот на потрошувачите, особено во Соединетите држави, кои се нејзин најголем пазар.
„Pinterest“ беше проценет на околу 13 милијарди долари кога стана јавна компанија во 2019-та година.
Компанијата е на крстопат откако ко-основачот Еван Шарп минатата недела објави дека ќе се повлече од функцијата главен креативен директор за да се приклучи на „LoveFrom“, компанија управувана од Џони Ајв, дизајнер на многу производи на „Apple“.
Во последниве години, „PayPal“ се обидува да ја зголеми понудата на е-трговија преку превземања. Таа го купи трговскиот продавач преку Интернет „Honey Science“ во 2019-та година за 4 милијарди долари и јапонскиот финтек стартап „Paidy“ за 2,7 милијарди долари на почетокот на оваа година. Таа во мај ја купи и компанијата за враќање на стоки „Happy Returns“.
Социјалните мрежи кои не бараат да се спојат со финтех компаниите работат на начин што им овозможува на клиентите да купуваат директно од нивните платформи.
На пример, „TikTok“ тестира начин за потрошувачите да купуваат производи директно од неговата апликација за кратки видео содржини. Се здружи со гигантот за е-трговија „Shopify“ и во август започна да нуди брендови за малопродажба да ги поврзат каталозите на нивните производи со апликацијата.
Аналитичарите забележуваат дека преговорите за договор помеѓу „PayPal“ и „Pinterest“ го покажуваат потенцијалот на другите социјални мрежи и финтек компании да ги здружат силите за да се етаблираат на пазарот за е-трговија.