Сметате дека сте погрешиле на интервјуто за работа, сте заборавиле нешто важно или сте кажале премногу? Не се грижете, за сите грешки има лек.
1.Немојте премногу да ја анализирате ситуацијата
Сосема е нормално, веднаш по интервјуто самите себеси да се преиспитате дали сте направиле се како што треба. Некои од грешките, на личноста со која сте разговарале, ќе и изгледаат многу полошо кога додатно ќе ги истакнете. Ако сепак дојдете до заклучок дека сте заборавиле да споменете нешто многу важно, размислете како можете тоа да го поправите.
2.Направете план за акција
Поправањето на штетите, исто така, може да биде ризично. Некој од оние кои ве интервјуираат за работа ќе ги ценат додатните појаснувања во одговорите, додека кај други тоа ќе го сврти вниманието кон грешките. Затоа е важно да утврдите дали грешките што сте ги направиле на интервјуто се толку важни, па да морате да се враќате и да ги поправате.
3.Поправете го тоа со достоинство
Најдобар начин повторно да пристапите до личноста со која сте разговарале за вработување е краткиот коментар. На пример, и-меилот кој го испраќате не смее да биде подолг од два пасоса и не смее да содржи предолги појаснувања. Никако не се извинувајте и не го пишувајте писмо со кое ја признавате грешката. Значи, не треба да напишете: „Извините, во текот на нашиот разговор потполно заборавив…“.
4.Учете од грешките
Размислете за грешките кои сте ги направиле и потрудете се да ги поправите на следното интервју. Можеби би било добро да замолите некој пријател да направи со вас „пробно“ интервју. Не заборавајте, што повеќе бидете опуштени при одговарањето на прашањата пред пријателот или пред сами себе, ќе бидете помалку нервозни кога интервјуто со работодавачот навистина ќе се одржи.