Брзиот напредок на технологијата на батериите за електрични автомобили придонесе за огромно намалување на цената во последните тринаесет години.
Цената на литиум-јонските батерии за електричните возила континуирано опаѓа уште од кога тие беа измислени, но секако, прогресот варира. Најбрзо опаѓање имаше во раните денови, бидејќи постоеја лесно достапни подобрувања, но дури и во последните години, намалувањето на цената е сеуште значително.
Министерството за технологии за возила на одделот за енергија во САД проценува дека цената на литиум-јонски пакет батерии од електрично возило се намалила за 87% помеѓу 2008 и 2021 година. Тоа е навистина голема разлика, која го прикажува брзиот напредок на батериите.
Што се однесува за 2021, прелиминарната цена е 157 долари по киловат-час за искористлив капацитет на батеријата по ниво на пакување (за производство од над 100,000 примероци) и 143 долари по киловат-час од целосниот капацитет на батеријата. Во 2008, беше проценета на 1,237 долари по киловат-час од искористливиот капацитет на батеријата.
Бројките се речиси неверојатни и овој напредок веќе го отвори патот за електричните возила со долг-опсег и поголеми батерии на патот кон масовна електрификација.
Мораме да напоменеме дека објавените бројки не се целосно прецизни, бидејќи никој не ја знае точната просечна цена на пакет батерии во целата автомобилска индустрија. Ова се само проценки.