Малите бизниси, посебно занатечиите се на работ на егзистенција. Зголемените трошоци за работа, поскапените репроматеријали, но и недостигот на работна сила се главни причини за бришење на овие фирми. Месечно згаснуваат по десетина занаетчиски фирми. Меѓу главните причини за ова е тоа што вработените или се иселуваат или заради несигурноста ги затвораат фирмите и наоѓаат работа кај работодавач.
Трошоците за работа на малите бинзиси за една година се енормно зголемени. Пример, една маалска продавница која лани во сепптември платија сметка а струја од 6000 денари, сега ќе плати 12.500. Од комората на занаетчии велат дека засега само тие што имаат залихи можат да работат по старите цени, сите што набавуваат нова стока ќе ги поскапат производите и услугите.