И земјоделските производи ќе поскапуваат поради европската енергетска криза, меѓутоа тука се уште е рано да се прават проекции колкаво ќе биде поскапувањето. Експертите велат дека цената на преработките најмногу ќе се зголеми. Најголем удар ќе претрпи сточарството, но покачувањето ќе варира од гранка до гранка. Свинското и пилешкото место, како и нивните преработки ќе поскапт најмногу.
Добиточната храна од нивата, транспортот до животното, оттаму до кланичната индустрија, преработките, па се до малопродажбата. Сето тоа е еден производен циклус кој апсорбира голем дел од енергијата. Со нејзиното поскапување нормално е дека може да очекуваме и покачување на цените.
Од месната индустрија не сакаат да коментираат дали, кога и за колку ќе поскапат месото и месните производи. Претставниците на компаниите велат дека со свои проекции ќе излезат дури откако ќе завршат со потребните анализи и статистики. Дотогаш цените остануваат исти.