На некои луѓе од Балканот можеби сонот им е да се насочат кон Германија и таму да си пронајдат подобро место за живот, сепак кога станува збор за одредени професии, Германците не се на истиот став. На пример, возачите на товарните возила во оваа европска земја заработуваат под просекот, што би можело дополнително да придонесе за недостиг на работници во шпедицијата.
Според најновите информации, квалификуванти возачи на камиони, на полно работно време време, како и вработените на неограничено, за еден час во просек заработуваат 14,21 евра бруто. Работниците со завршена струковна школа заработуваат уште помалку, 12,91 евра на саат. Тоа е доста помала бројка во споредба со остатокот од пазарот на трудот во Германија, каде образованите, стручни работници во просек заработуваат 19,97 евра на саат.
Просечната бруто плата на образован возач на камиони изнесува 2,623 евра, додека во остатокот на гранките за работниците со квалификации платата изнесува 3,286 евра бруто. Притоа, парадоксот е во тоа што на Европа и фалат многу возачи на камиони.
Токму поради тој недостиг, но и поради короната и нарушените ланци на снабдување, робата не стигнува до продавниците и рафтовите на време или во доволен обем, што создава големи проблеми на економијата. Конкретно овој проблем во последно време најмногу ја „дрма“ Британија. Струковното здружение на возачи на товарни возила, БГЛ, предупредува дека во Германија во наредните две години би можел да следи сличен колапс.
Веќе денес во Германија недоставуваат 60 до 80 илјади професионални возачи. Годишно во пензија заминуваат 30,000 возачи, а доаѓаат севкупно 15,000 од оние кои само што влегуваат во професијата, се наведува во нивното соопштение.
Инаку, германската влада ја намалила прогнозата за економски раст за оваа година на 2,6 %, од нивото на 3,5 % која се предвидувала во април, бидејќи опоравувањето на најголемата европска економија забавил поради проблемите со ланците за снабдување.