На почетокот на зимската сезона граѓаните повторно се соочуваат со старите проблеми и загадувањето.
На почетокот на зимската сезона граѓаните повторно се соочуваат со старите проблеми и загадувањето. Иако во главниот град сé уште преовладува зелената боја на картата, којашто укажува дека воздухот не е опасно загаден, сепак портокаловите и црвените предупредувања во одредени градови навестуваат дека граѓаните и оваа зима ќе се борат за чист воздух.
Кои градови се обоија во црвено?
Воздухот е многу загаден во Велес (85 AQI), Тетово (73), како и во Куманово (77), градови кои од изутринава се обоија во црвено. За нијанса „посветла“ е ситуацијата во Ѓорче Петров, Карпош 3, населбата 11 Октомври и Ново Лисиче, каде воздухот е загаден, но бројките покажуваат под 50 единици. Портокаловото предупредување за загадување е вклучено и за Битола, Гевгелија, Кочани, Прилеп, Штип и Струмица. Според мерните станици на Министерство за животна средина и просторно планирање, во Велес и Кавадарци има високо ниво на ПМ10 честички, додека се уште нема градови во коишто е вклучен црвениот аларм за многу високо ниво на загадување.
Загадувањето од електраните на јаглен и покрај сите укажувања, останува екстремно висок процент на загаденост. Последиците се чувствуваат и кај нас - двата оџаци на битолската електрана остануваат најголем извор на сулфур диоксид во земјата. Ова се количини што се деветпати над она што е дозволено да емитува електраната и се повисоки од вкупните емисии на сулфур диоксид од сите електрани во Германија.
Просечниот македонски граѓанин губи по 0,6 животни години поради загадувањето во земјата. Берово е единствената општина во Македонија каде што се смета дека нема да ви се скрати животот поради неквалитетниот воздух, додека живеењето во неколку скопски општини може да ви го скрати и за цела година.
Што се однесува до управувањето со отпадот, ЕК забележа дека слабите административни капацитети, слабиот степен на извршување и лимитираните интерсекторски соработки остануваат главни препреки за прогрес во тој сектор.
Во однос на индустриското загадување и менаџментот на ризик, како што се истакнува, Законот за индустриски емисии се уште не е усвоен. „Недоволното спроведувањето на казни во однос на одговорните загадувачи поттикнува да не се создаде систем кој би спречил индустриски и хемиски инциденти“, се вели во извештајот.