Државата се одлучи на овој потег откако Уставниот суд на почетокот на оваа година пресуди дека првата вонредна состојба, прогласена од Шпанија минатата година од 14 март до 21 јуни, во рамки на која сите граѓани, освен вработените на нужни работни места, морале да останат дома, било неуставно, пренесува АП.
Во тој период граѓаните кои ја прекршиле наредбата да останат дома, како и другите мерки, Министерство за внатрешни работи ги казнило со 1,1 милион евра, иако сите казни не се веднаш наплатени.
Во Шпанија, од почетокот на пандемијата се забележани речиси пет милиони случаи на зараза, при што починале најмалку 87.000 луѓе. Досега 78 отсто од оние кои можат да ја примат вакцината се целосно вакцинирани во земјата, потсетува АП.