Келнер од Велика Британија ги воодушеви луѓето ширум светот со начинот на кој дал отказ бидејќи неговиот шеф му рекол дека мора да дојде да работи на слободен ден, а му се јавил истиот ден во 3 часот наутро. Покрај тоа што дал отказ, келнерот ги објави и пораките кои брзо станаа вирални.
„Треба да дојдеш на смена денес од 11 до 22 часот. Имаме настан и еден келнер“, му напиша неговиот шеф во три наутро.
Овој учтиво го потсетил дека има слободен ден и не може да работи. Тонот на пораките на неговиот шеф значително се промениле и тој му рекол дека мора да биде „тимски играч“.
„Не можеш да мислиш само на себе“, му напиша шефот, пренесува TodayUKNews.
Келнерот не му останал должен: “Зошто ми кажуваш дури сега, во 3 наутро, дека треба да работам денес во 11 часот? Имам испиено неколку пијачки и не ми се оди да работам мамурен толку долго во слободен ден.
Шефот грубо одговорил дека „не е добро да се напие премногу“.
„Дали ти му кажуваш на келнерот да не пие во слободно време?
Дали сакаш да им кажеш на готвачите да не јадат кога не работат? “, го прашал во порака со додадени емотикони. Исто така, рекол дека ќе дојде на работа доколку некој му каже за тоа во соодветно време.
Очигледно на неговиот шеф не му се допаднало, бидејќи му напишал дека ќе треба да разговараат за неговото однесување. На келнерот тоа оправдано не му се допаднало и си дал отказ.
“Секаде се бараат келнери. Мислам дека ќе одам да работам на едно од тие места”, напишал тој.
Келнерот ги споделил пораките на Reddit, по што тие се проширија на интернет.