Во текот на 2022 година на трпезата ќе имаме поскапи зеленчук и овошје за разлика од оваа година. Ова станува сѐ поизвесно.
Поради климатските промени, поскапувањето на горивата, и општо поради зголемувањето на цените на храната, идната година ќе плаќаме повеќе за купување на овошје и зеленчук. Во последно време сме сведоци на серија поскапувања, кои нема да ја одминат ниту храната која се произведува во земјава.
Производството кај нас е ад хок, сезонски и непланирано. Поинаку би било кога државата би имала стратегија и би се планирало производството, односно да се произведе онолку колку што пазарот може да апсорбира. Кога поскапува основното средство за производство, а тука се горивата, препаратите, ќе скокнат и цените на сеидбата, работната сила, па и цените на храната.
Цените на храната ќе се зголемат минимално, и проблем е што кај нас производството е стихијно. Ние немаме количини за да го задоволиме пазарот на некоја голема земја, на Германија или Шведска, туку нашето производство обично завршува во Србија, а она што се сади на мали парцели, завршува на локалните пазари. Цените ќе скокнат минимално за потрошувачите, а земјоделецот за жал нема да биде побогат, затоа што во старт ќе има поголеми трошоци.
На крајот понудата и побарувачката ќе ја одредат цената, иако според поскапувањето на репроматеријалите би требало и производите да бидат поскапи. Ние немаме работна работна рака, и способноста за работа на еден човек од 20 и од 60 години не е иста.