Доколку сè уште не сте го посетиле, погледнете како изгледа Ист Гејт Мол
Од 29 октомври вратите на Ист Гејт Мол се отворени за сите посетители од земјава и блискиот регион.
Трговскиот центар претставува уникатно архитектонско здание од последната генерација трговски центри, којшто го мапира Скопје како регионална шопинг дестинација, а воедно е и атракција за посетителите на главниот град.
Објектот на Ист Гејт Мол, лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, е создаден со помош од над 2.500 вработени, се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2.
Во склоп на истиот се простираат 2000 паркинг места, 220 продавници, кои нудат избор од над 600 брендови, од кои 40 се сосема нови, кои што за прв пат се претставуваат во земјата.
Меѓу многубројните брендови во молот, отворена e најголемата Zara продавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete's Foot, Twinset и многу други.
East Gate - OpenНово шопинг искуство!
Posted by East Gate Mall on Friday, October 29, 2021
Слободни позиции за работа во East Gate Mall можете да видите на ЛИНКОТ