Младите не ни помислуваат да работат во фабриките. Најголемиот дел од нив се гледаат како идни програмери или вработени во некоја од индустриите каде нема многу физичка работа. Не секогаш висината на плата е првиот мотив за вработување на младиот човек во Македонија.
Се помалку граѓани се заинтересирани да работат во фабриките. Освен стопанството што кубури со квалификуван кадар во приватниот сектор, сериозен проблем имаат бизнисмените во потешките индустриски гранки да најдат работници. Работодавачите велат дека индустријата е преплавена со работници во поодминати години и добар дел од нив за брзо време ќе мора да заминат во пензија, но замена нивна скоро и да нема. Младите луѓе не сакаат тешка работа, колку и да е платена.
„Работиме со сериозно возрасен кадар. Младите едноставно не се инспирирани да работат во фабрика, да работат во услови кои би требало да функционираат во заедница, во една коорпорација или да имаат свое корпоративно однесување. Од таа причина се помалку млади луѓе сакаат да работат во индустријата. Зборувам конкретно во електро индустријата. Или пак во тешката индустрија. Се повеќе младите своето работно место го гледаат во информатиката, во делот на компјутерите и нивната иднина ја забележуваат во таа насока", Трајковска претседателка на Ораганизацијата на Работодавачи.
Дополнително, покрај веќе воспоставениот стандард за работа во модерни и удобни канцеларии, вработените уживаат креативни тим билдинзи и дружби во склоп на компанијата или надвор, имаат членарини во фитнес клубови подмирени од страна на компаниите, скоро сите компании од секторот имаат обезбедено приватно здравствено а некои од нив и животно осигурување на своите вработени, и/или и нивните семејства.
Можностите за “работа од дома” и “флексибилно работно време”, градењето кариерни патеки за вработените, постојаната инвестиција во нивното дообразување преку дополнителни тренинзи и сертификација, се исто така лична бенефиција и сатисфакција на секој вработен.
Официјалните податоци на Државниот завод за статистика пак, велат дека заклучно со вториот квартал годинава стапката на невработеност на лицата на воздраст од 16 до 24 години изнесува 37,8 отсто. Извештајот на статистика вели дека во однос на истиот период лани има зголемување на невработените лица во Македонија. Заклучно првото полугодине лани имало 33, 8 отсто невработени млади луѓе во државата.