
Пензиите во Германија значително ќе се зголемат во текот на следната година.
Според официјалната проценка, пензиите во оваа земја ќе се зголемат за најмалку 5,2 отсто во јули 2022 година, а тоа е најголем пораст во последните 40 години. Како што се наведува, пензиите на истокот треба да се зголемат за 5,9 отсто, што е нешто повеќе отколку на западот на земјата.
Кој има пензија од 1.000 евра, од средината на следната година таа ќе биде повисока за околу 50 евра на западот и за околу 60 евра на истокот.
Иако германското пензиско осигурување ги потврди овие бројки, тие истакнаа дека завршната сметка нема да биде достапна до март следната година.